На крилјата на феноменалниот Петар Ангелов – Диви, Вардар ја забележа четвртата победа во исто толку натпревари во Лигата на шампионите и дополнително се зацврсти на врвот на табелата во групата Б. Во тежок и незивесен меч, со одлично одиграни последни 10 минути, Вардар славеше со 25-19. Пресвртот се случи со влегувањето на Ангелов, на местото на Штербик кој немаше вечерва свој ден. Ангелов беше феноменален. Забележа 9 одбрани (сите во второто полувреме) и несомнено е најзаслужен за триумфот.

По мечот, Ангелов изјави: „Ова е Вардар, во второто полувреме сите го дадоа својот максимум. Во Лигата на шампионите мора да бидат на ниво сите 16 играчи, на еден натпревар еден ќе повлече, на друг некој друг. Вардар полека гради голема екипа, во која секоја позиција е добро покриена. Имаме зацртана цел, одиме сигурно, чекор по чекор кон она што го заслужуваме, а што во минатите две сезони ни избега за малку.Што се однесува до моите одбрани – па, Диви е тој не се менува. И додека можам ќе останам таков“.

Му посакуваме на Диви уште многу вакви партии сезонава.