Петар Ангелов потпиша за Тинекс Пролет

Петар Ангелов - Диви РК Тинекс Пролет

Денес РК Тинекс Пролет објави на својот сајт дека со поранешниот македонски репрезентативец, Петар Ангелов – Диви го комплетирале трансферот од една и пол година, по што официјално е играч на Тинекс Пролет.

42-годишниот Петар Ангелов од германскиот Ретинген, се враќа назад на македонската ракометна сцена. Во екипа каде неговото искуство ќе биде од големо значење, за вториот дел од сезоната. Екипа која има големи амбициии за оваа година, а тоа е излез во Европа.

Големо освежување ќе биде и враќањето на Александар Василевски по тешката повреда на коленото, со што ќе биде засилена бековската линија во ростерот.

Среќно!

Фото: Официјалниот сајт на РК Тинекс Пролет

АКЦИЈА
С.П
Со спортот и ракометот уште од детството. Твитерџија и љубител на македонскиот ракомет! #макракомет