Нашиот голман Борко Ристовски на денешниот натпревар бранеше само во второто полувреме. Натпревар од кои може само да им биде лекција на нашите ракометари, да ги поправат грешките и спремат за следниот противник, селекцијата на Босна и Херцеговина,

„Ќе се навратам на дел од она што го кажав вчера, кога реков дека не треба да се залетуваме премногу, бидејќи не сме селекција што победува лесно кога не игра 100%. Илузорно е да се говори за прво место, или за полуфинале, во вака рана фаза од шампионатот. Сепак, овој меч нека ни биде лекција, да ги поправиме грешките и максимално сконцентрирани да влеземе во следниот натпревар против селекцијата на БиХ“ – изјави Ристовски веднаш по натпреварот за порталот www.ekipa.mk