Македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски и неговиот Кретеј се поразени на гостувањето кај шампионот Данкерк во рамките на 4-тото коло од француското првенство и ја зголемија серијата на три порази по ред.

Данкерк славеше со 27:26(15:14) иако во текот на мечот имаше и поголемо водство. Голманот на македонската репрезентација помина поголем дел од мечот на голот на Кретеј и забележа 7 одбрани со успешност од околу 37%.

Следен натпревар за Кретеј е на домашен терен против Сент Рафаел.