Бoрјaн Мaџoвски е еден oд предвoдниците нa нoвaтa генерaцијa мaкедoнски рaкoметaри. Кaпитен е нa јуниoрскaтa репрезентaцијa, кoјa пo мнoгу гoдини се врaти нa еврoпските првенствa. Вo рaзгoвoр сo МaкРaкoмет, Бoрјaн oткривa пoвеќе зa себе, зa мoжнoстите нa млaдите рaкoметaри, и другo.

borjan_madzovski2

1. Чест ни е што првото интервју од серијата интервјуа на тема „Тие се иднината на македонскиот ракомет“ ќе го направиме со капитенот на македонската јуниорска репрезентација, Борјан Маџовски. Борјан кажи ни нешто за твоите ракометни почетоци? Веднаш почна со ракометот, или како и многу други се префрли од некој друг спорт? Кoј или штo е причинaтa зa дa пoчнеш дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Oд кaде љубoвтa кoн oвoј спoрт?
Веднаш почнав со ракометот, на моја 13 годишна возраст. Љубов искрено и немав баш за овој спорт, но татко ми беше тој што форсираше бидејки гледаше во мене талент за ракомет, а беше пресудна и мојата висина. И со време многу го засакав овој спорт.

borjan_madzovski
Име и презиме Борјан Маџовски

2. За младите ракометари и генерално спортисти, секогаш е предизвик да ги спојат тренинзите со секојдневните обврски. Кaкo успевaш дa ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 20-гoдишник – излегувања, дружба, девојки ?
Па добро тоа е секогаш така – мораш да се одвикнеш од многу работи. Но тоа е спортот си бара жртви. Искрено не излегувам често, не сум тој тип. Повеќе сум за домашна атмосфера, не до многу касно. Нормално излегувам и се дружам кога немам обврски со Металург.

3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено ме интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Секој ракометар има свои идоли, а за мене тоа се Никола Карабатич и Филип Јиха. Тие ми се идоли затоа што играат подеднакво добро и во одбрана и во напад што значи се корисни играчи во текот на целиот меч.

4. Како што спомнавме, ти си капитенот на јуниорската репрезентација. Предводник на генерација која по 10-тина години стигна до едно ЕП, каде за жал немавте некои забележителен успех. Лично сметаме дека самиот пласман на ЕП е голем успех и дека треба да се оди чекор по чекор, но не интересира твое видување на тоа?
Ние завршивме последни на тоа европско првенство и тоа по мене е неуспех бидејќи можевме и игравме со сите рамноправно. Факт е дека ни недостасуваат големи натпреварувања за да може да добиеме на искуство, имајќи во предвид дека ова беше за нас нешто ново. Прв пат отидовме на европско и видовме како е да се биде дел од големо натреварување.

5. Сега следат квалификациите за светското јуниорско првенство. Имаме тешка квалификациска група. Имаме ли шанси за пласман на СП?
Шанси секогаш постојат и не треба да се крева бело знаме. Групата ни е многу тешка, имаме противник со кој игравме на европското – тоа е Франција, и две репрезентации кои не беа на европско, од кој еден е домаќин, Чешка и Полска. Со добра подготовка и добро воигрување на екипата може да одиме во Бразил.

6. Иако твојата природна позиција е лев бек, во репрезентацијата често те гледавме на десен бек? Ти пречи ли тоа или сметаш дека подеднакво добро можеш да се снајдеш на сите три бековски позиции.
Да, јас играм лев бек, а за репрезентација играв на десен. Кога треба да се помогне на екипата не ми пречи ништо. Играв на десен бек бидејќи на таа позиција имавме двајца помалку искусни играчи од 96 годиште, и затоа јас како еден од поискусните ја презедов таа одговорност.

7. Вo нaредниве гoдинa, две oд тебе и твoите врсници се oчекувa дa бидете клучни игрaчи вo мaкедoнскaтa рaкoметнa репрезентaцијa. Македонската ракометна јавност е навикната на успеси на репрезентативен план, и нема воопшто да биде лесно да се продолжат успесите на Борко, Кире, Жути, Мојсо. Подготвени ли сте за предизвикот?
Нема да биде лесно да се заменат еден Кире, Мојсо, Жути, но ние сме спремни и подготвени да ги замениме, напорно тренираме, играме натпревари и сигурен сум дека достојно ќе ја претставуваме Македонија и ќе продолжиме да играме на европски и светски првенства и да постигнуваме успеси.

8. На клупски план, член си на Металург 2, кој сезонава игра многу подобро од лани. Играте позрело, иако клубот го напуштија неколку играчи (пред се мислам на Талески, Нелоски и Пешевски) кои играат за првата екипа на Металург. Кои се амбициите на клубот сезонава. Ќе се обидете ли да дојдете до 3-то место, зад неприкосновените Металург и Вардар?
Да, сезонава играме подобро од лани. Ни дојде плус на сите тоа европско првенство и сега сме сите поискусни. Некој посебен план во клубот нема, битно е да играме и на секоја утакмица да даваме максимум. Ние сакаме да играме во плеј-офот од супер лигата па таму сакаме да се надигруваме со сите како и во овој дел од првенството.

9. Следи СП во Катар. Како ги цениш шансите на нашата репрезентација на овој шампионат?
Ние имаме многу стара и искусна репрезентација која не оди само да учествува туку и да избори што подобар пласман. Мислам дека имаме квалитет да одиме на олимписки игри.

10. За крај, да видиме колку си добар прогнозер – твоја прогноза за распределбата на медали на ова СП и за пласманот на МК.
Јас за најголем фаворит би ја издвоил репрезентацијта на Франција, европскиот шампион. За мене тие играат најдобар ракомет, по нив тука се фаворити Данска, Хрватска, Шпанија и би ја издвоил репрезентацијата на Катар која зеде доста искусни и добри играчи и е во предност што игра во Катар ќе има голема подршка од публиката.

Датум на раѓање 08.05.1994
Место на раѓање Скопје
Висина 195
Тежина 96
Позиција на која настапува Бек
Прв клуб
Металург
Сегашен клуб
Металург
Тип на музика
Се
Кога не би бил ракометар би бил Пливач