Признавајќи дека Целје моментално е во подобра форма од Вардар, Словенецот Матјаж Брумен го даде најдобриот можен опис на ситуацијата во клубот.

„Целје мора да се добие, не знам како, но мора. Иако не сме во најдобра форма, ние сме фаворити. Целје игра одлично во последно време, но не можат да не изненадат“ – изјави Брумен.

„Сепак, играме на домашен терен, пред полни трибини. Ќе биде многу тешко, но треба да играме максимално во сите 60 минути, бидејќи мораме да ги совладаме и Целје и Чеховски медведи потоа за да го оствариме тоа што го посакуваме“ – заврши словенецот.