Вардар ќе го пречека Металург во СЦ „Јане Сандански“ во пресрет на финалето во Купот на Македонија. Натпревар кој до минатата сезона беше големо балканско дерби, нешто што сите со нетрпение го очекувавме и посакувавме да го гледаме.
Но, денес е поинаку. На едната страна го имаме силниот и моќен Вардар, а на другата страна го имаме младиот и неискусен состав на Металург. Причините сите добро ги знаеме, па останува денес да уживаме во натпреварот во кој младите ракометари на Металург ќе пробаат да му парираат на големиот Вардар.
Натпреварот се игра од 18:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
*Картите за овој натпревар чинат симболични 50 денари.