На денешната прес-конференција по повод средбата од 8-то коло, против екипата на Нексе, своите размислувања ги искажаа Левче Китевски, претседателот на УО на Металург, и Гоце Ојлески, од името на ракометарите на Металург.

Воедно најавија во брзо време нова прес-конференција на која Металург ќе излезе со соопштение за ситуацијата на клубот и што понатака.

Натпреварот ќе се игра во СЦ Борис Трајковски во недела со почеток од 20:15 часот.
Влезот е слободен.

Извор: www.rkmetalurg.mk