Денес, среда, екипите на Вардар и Металург ги играат последните мечеви во СЕХА лигата, а и генерално во оваа полусезона. Натпреварите на Вардар против Нексе и на Металург против Раднички, се одлична можност победнички да се заврши полусезоната и порелаксирано да се оди на зимската пауза и порастеретено играчите да се посветат на репрезентативните обврски.

Вардар му гостува на незгодниот Нексе, и ќе мора да одигра 100% сконцентрирано во текот на сите 60 минути за да освои нови 3 бода. Нексе игра се подобро, што особено се виде на последниот меч. На тој меч иако триумфираа гостите Брест Мешков, Нексе покажа одличен квалитет во играта. Дополнително, Вардар традиционално игра тешко со екипата на Нексе во Хрватска (минатат сезона пораз од 32-25), па се очекува интересен натпревар. Сепка, квалитетот без сомнение е на страната на Вардар и македонската јавност посакува нова победа.

Металург му гостува на Раднички, во дуел на две ослабени екипи. Раднички до сега има освоено само 4 бода и е реално една од најслабите екипи во лигата. Дополнително, екипата е ослабена со неиграњето на Шмигиќ и Гуглета, па и покрај составот со кој отпатува македонскиот првак, се освен победа на Металург ќе претставува целосна сензација. Металург ќе настапи со уште помлад состав од оној во кој го гледавме изминативе неколку кола, што е шанса која младите играчи мора да ја искористат.

Обата меча се со почеток во 19.00 часот.