Од Металург си заминуваат Мојсовски, Димовски, браќата Маркоски, Георгиевски, Јоновски, Миркуловски и Манасков…

Еве што изјави Левче Китевски на прес-кофнеренцијата денес:

„Со нетрпение сите очекувате изјава од клубот, не би сакал да се шпекулира, па официјално ќе ви кажам со што се соочува клубот во моментов. Од Металург си заминуваат Мојсовски, Димовски, браќата Маркоски, Георгиевски, Јоновски, Миркуловски и Манасков. Се уште е неизвесна иднината на Вугринец, за кого подетални информации ќе имаме во текот на денот. Правевме секакви напори, тоа не зависеше од нас како управа или како тренер бидејќи по штрајкот што се случи. Клубот нема да го затвориме, сопственикот се уште бара излез за проблемите со спонзорите, но ќе опстоиме и со комбиниран состав ќе одиграме. Уште од минатото лето тргнавме со нов проект за подмладување што го најавивме, се случи тоа што се случи, се вртиме со погледите напред. Сакам од името на сите во клубот да им се заблагодарам на ракометарите што заминуваат за сето она што го сторија за Металург. Клубот ќе најде начин за да им се оддолжи за сето она што го сториле за нас. Ако се случи она што се најавува, во брзо време да се најде решение за кризата, па потоа на дел од нив ќе им се понуди враќање назад во клубот. На газдата му е најтешко, долго време го спонзорира овој тим, правиме напори за да ја доиграме сезонава и догодина повторно да играме во ЛШ. На никого не му е во интерес да се затвори Металург, а ние ќе сториме се за тоа да се избегне“ – изјави претседателот на Металург, Левче Китевски.