Ракометарките на ЖРК Металург денес од 17:00 часот, во Автокоманда ќе го одигра реванш натпреварот против холандската екипа Вестфрисланд, во рамките од 2-то коло од Купот на куповите.
Тежок натпревар во кој нашите ракометарки ќе мораат да го дадат својот максимум и да покажат што се се работело оваа година, без разлика што на првиот натпревар на гостински терен победија со еден гол разлика (24:23). Оваа победа не значи дека е готово, дека нашите ракометарки денес убедливо ќе слават и без проблеми ќе поминат во 3-то коло … туку напротив треба да се сфати сериозно и влезе максимално концентрирано на натпреварот, да го покажат девојките својот несомнен квалитет, за кој долго време зборуваме и да се израдуваме сите заедно на пласман во третото коло, каде не чека данскиот тим Холстебро, екипа која лани го освови ЕХФ купот.
*Влезот за сите љубители на женскиот ракомет е слободен