Во рамките на првото коло од четвртфиналните натпревари во лигата на шампионите пивотот на РК Вардар и репрезентативецот на Македонија, Стојанче Стоилов доби признание за најдобар играч. Со прекрасната партија што ја пружи Стоилов против Кјелце на домашен терен, во СЦ Јане Сандански заслужено се најде во најдобрата седморка на првото коло. Во изборот за најдобар поединец Стоилов собра најмногу гласови и со тоа заслужено го доби признанието – најдобар играч на првото коло во ЛШ.
Покрај Стоилов во најдобрата седморка се најдоа уште и Момир Илиќ и Роланд Миклер од Веспрем, Лука Степанчиќ од ПДД Загреб, Никола Карабатиќ од Барселона, Рајко Продановиќ од Пик Сегед, како и Мануел Штрлек од Кјелце.
За потсетување, ракометарите на Вардар во првиот четврфинален натпревар минимално загубија од екипата на Кјелце со резултат 20:22. Веќе во недела се игра реванш натпреварот овој пат на гостински терен во Полска каде што Вардар стартува со -2.