Македонската репрезентативка Зорица Десподовска одлична во турскиот Муратпаша. На вчерашниот натпревар за својата екипа одигра 20 минути и постигна 6 погодоци, натпревар во кој убедливо ги совладаа ракометарките на Трабзон Загнос, со 35:21 (16:9).

Од натпревар во натпревар, нашата ракометарка ги покажува своите квалитети. Следен натпревар Десподовска го игра веќе во среда во Анкара, дерби натпреварот против екипата на Јенимахале.