Во пресрет на денешниот натпревар против репрезентацијата на Црна Гора, во разговор со една од нашите поискусни ракометарки, Зорица Десподовска најавува дека ќе влезат мотивирано и борбено во овој натпревар.
„Ќе влеземе во натпреварот мотивирано и борбено, тоа е се што сега можеме да ветиме, со оглед на тоа колку сме помлади од репрезентацијата на Црна Гора. Се надевам на добра игра, во која ќе ги испочитуваме сите барање на селекторот Симевски“ – изјави Зорица Десподовска
Натпреварот Црна Гора – Македонија започнува од 19:00 часот.