Поранешниот хрватски репрезентативец и бомбардер, Ивано Балиќ, кој што на ова СП во Катар, е во улога на спортски коментатор за една од телевизиите на Хрватска кои се присутни во Катар, истакна дека е воодушевен од играта на Македонија.

„Јас сум изненаден од Македонија и од нивната тимска игра, тие играат многу добро во Катар. Добро се воиграни, и ако бидат на потребното ниво, на Хрватска ќе и биде тешко да победи во утрешниот натпревар. Ги гледав сите натпревари, и можам да прокоментирам дека навистина се добри македонците“
– изјави Ивано Балиќ.

Балиќ исто така очекува од Хрватска да се пласира најмалку во полуфинале, тоа според него е минимумот за Хрватска на овој мундијал.

„Од репрезентацијата на Хрватска очекувам најмалку полуфинале. Но во случај да не се пласираат во полуфинале, нема да биде крај на светот. Подоцна ќе ги увидиме грешките каде сме погрешиле, и да видиме каде може да се корегира“
– заврши Ивано Балиќ.