Целта е постигната, но мораше малку да се запне за да се победи Иран. Селекторот Ивица Обрван ги проба сите репрезентативци на натпреварот, ја исполни неговата цел и идеја. Но, најбитно е што победивме, мислите сега се фокусираат на следниот противник, репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
„Добро го почнавме натпреварот, играчите добро се движеа во напад, а потоа почнавме да доцниме и нивните бекови почнаа да погодуваат. Не ми беше во план тие да играат, и не можат да издржат 60 минути. Но, момците одиграа коректно. Недановски на пример, па и Прибак исто како и вчера. Ангелов беше како пред „стрелачки вод“ но си ја заврши коректно задачата. Не сме потрошени сите до крај. Кога беше тесно, го поставивме она што е највоиграно и игра со години. Имавме цел да победиме, можеби малку потешко, но во ниту еден момент не беше доведено во прашање нашиот триумф“ – изјави Ивица Обрван.
„Ова е неспоредливо помалку отколку што играа на претходните ЕП и СП, мислам на оние поискусните. Сега учествуваа со многу повеќе, Прибак го менуваше Миркуловски, Кире одигра 40 минути и тоа во напад само, ги распоредивме сили, но сите играчи треба да играат и да го почувствуваат системот, а не тогаш по првпат да влегуваат во игра. Тоа ми беше целта и идејата“ – заврши Обрван.
Извор: www.sportmedia.mk