На претстојното ЕП кое од 13 до 23 август ќе се одржи во Македонија, македонската женска кадетска репрезентација ќе игра против репрезентациите на Шведска, Словенија и Чешка. На ждрепката извршена на 8 април, Македонија до овие противници дојде по можноста за избор, која ја имаше како организатор на европското првенство. Имено, откако беше извршено ждребањето на групите и по распоредувањето на селекциите од 1, 2 и 4 шешир, Македонија ја одбра групата А, каде што ќе настапува против горенаведените репрезентации.
Натпреварите ќе се играат во Скопје, во салите во СЦ Борис Трајковски и СРЦ Јане Сандански, а нашите ракометарки ќе се обидат да се изборат за едно од првите две места во групата, кои водат во четврт финалето.
Група А: Шведска, Словенија, МАКЕДОНИЈА, Чешка
Група Б: Русија, Романија, Германија, Шпанија
Група Ц: Португалија, Хрватска, Франција, Холандија
Група Д: Данска, Норвешка, Унгарија, Словачка