Ранато Вугринец со огласи за состојбата на Металург, и воедно утрешниот натпревар ќе го одигра за одличната публика која го следеше и ќе го следи шампионот Металург понатака.
„Почитувана публико, чувствувам потреба на овој начин да ви се обратам вам, на вас кои верно го следевме овој клуб, моето играње, моето несебично давање за ВАС!
Во ова обраќање сакам на кратко да ви доловам што чувствувам и што ме следеше во текот на моето играње за Металург. Играв низ Европа по разни клубови, но морам да признаам дека ваква компатабилност, припадност каква што имаа играчите кои несебично се бореа за боите на Металург досега немам видено.
Се надевавме до последно дека резултатите кои ги постигнавме ќе ја разбудат свеста на граѓаните и ќе им овозможат на истите актери да продолжат во нова бајка, која во овој момент неславно ја завршува приказната.
Македонија е земја која од многу аспекти ми прирасна кон срце Нова љубов, нов предизвик за кој верував дека ќе опстане, но добива поинаков епилог
Поради тоа наша верна публико, „Пирати“, донесов одлука утрешниот натпревар да го одиграм за Вас, за сите мои соиргачи и за моја душа и на тој начин да ве поздравам сите, затоа што вие тоа го заслужувате.
Ви благодарам на сите за безрезервната поддршка.
ЕДЕН Е МЕТАЛУРГ“