Игор Карачиќ беше еден од најзаслужните за триумфот над Монпелје, со кој го потврдија второто место во групата Ц. Натпревар во кој Карачиќ постига 8 погодоци, кои беа доволни за да се најде во идеалниот тим на 10-то коло во Лигата на шампиони. Ова е втор пат Карачиќ да се најде во идеалниот тим, претходно се најде во 5-та рунда кога Вардар играше на домашен терен против унгарскиот гигант Веспрем, во кој постигна истотака 8 погодоци.
Идеалниот тим за 10-то коло:
Лево крило – Иван Никчевиќ (Висла)
Лев бек – Вилијам Акрамбе (ПСЖ)
Десен бек – Патрик Еилерт (Ла Риоха)
Десно крило – Гашпер Магруч (Веспрем)
Среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
Пикер – Роберт Гунарсон (ПСЖ)
Голман – Гудуц Акуизу (Ла Риоха)
Бекот на Вардарци свое место си најде и на топ 5 листата на најдобрите погодоци, односно неговата „бомба“ е на третата позиција, која може да ја видите ТУКА .