Ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ веднаш по натпреварот пораќа дека „црвено-црните“ ќе продолжат во ист стил и на следните натпревари.

„Би сакал да и честитам на мојата екипа на добро одработената задача. Во последните денови не трениравме комплетни и тоа ни создаваше проблеми, но покажавме карактер, одигравме исклучително добро. Мечот беше фантастичен за око, мислам дека уште во првото полувреме решивме некои работи, со добра одбрана и со Штербик на голот стигнавме до големата победа. Ние ќе продолжиме да се подготвуваме за да прикажуваме вакви игри и на следните натпревари, да продолжиме во ист стил“ – истакна Карачиќ.