Екипата на Киелце со соочува со мали проблеми пред натпреварот со нашиот шампион Вардар. Талант Душебаев во саботното гостување во Скопје, нема да може да смета на десниот бек Криштоф Лиевски и на словенецет Урош Зорман.

Лиевски се повреди на првенствениот натпревар против Азоти Пулави, на кој Киелце славеше победа со 41-28. По еден дуел со противничкиот играч кој беше во напад, Лиевски се здоби со повреда и не се врати повеќе во игра. Со што денес лекарските прегледи утврдија дека Лиевски има повреда на бутниот мускул која бара мирување од најмалку 2-3 недели.

„Ова не е некоја опасна повреда, ткивата брзо заздравуваат. Но, ќе мора да поминат 2-3 недели за да може играчот да се врати во полн интензитет на терен“ – соопшти докторот на Киелце, Мартин Балински за клупскиот сајт.

За разлика од Лиевски, средниот бек на Киелце, Урош Зорман нема да допатува во Скопје поради директниот црвен картон кој го доби на последниот натпревар против Барселона.

Но, сето ова не мора да значи ништо, бидејќи екипата на Киелце поседува многу квалитетни играчи, кои ќе го дадат својот максимум за да извлечат позитивен резултат против македонскиот шампион Вардар.

Извор: www.vtkielce.pl