После денешната ждрепка за ЕП во Полска, се огласи и капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров кој изјави дека може да стигнеме до добар успех на ЕП во Полска, со оглед дека ќе вркстиме со групата Б, каде не очекуваат репрезентации со кои може да се носиме и да издвојуваме победа.
Во однос на нашата група, Лазаров верува дека можеме против Полска и Србија да издвојуваме позитивен резултат, а зошто да не и изненадиме Франција, со оглед дека ја намачивме на последниот натпревар во Скопје оваа година.
„Не ни очекував дека ќе имаме среќа при ждребот. Тоа е Европско првенство и сите селекции имаат свој квалитет. Не треба да се оди по линија на помал отпор, туку треба да размислуваме и да играме одважно и против големите европски селекции. Првиот впечаток на многумина беше негативен, но јас гледам малку „подалеку“, со оглед дека вкрстуваме со групата Б, каде противниците се релативно малку послаби репрезентации. Сигурен сум дека можеме да оствариме успех на Европското првенство во Полска. Ја намачивме Франција во Скопје, против Полска традиционално играме добро, а Србија секако е ривал по мерка. Има уште време до ЕП во Полска, треба да видиме кој ќе биде здрав и подготвен за игра, се надевам дека ќе бидеме комплетни, и навистина верувам дека можеме да стигнеме до добар резултат“ – изјави Кире Лазаров за порталот Екипа.