Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров потпиша нов договор до 2017-та година со најтрофејниот европски клуб Барселона.

Лазаров минатата сезона беше најдобар стрелец во каталонскиот тим во “ASOBAL” лигата и во Лигата на шампионите, а во есенскиот дел од новата сезона. Кирил Лазаров за една и пол сезона помината во дресот на Барселона освои девет титули.

“Барса беше мојот сон уште од дете. Сонот продолжува… На заедничко задоволство, довербата меѓу нас сега е уште поцврста и продолжуваме со нови предизвици и високи цели.И покрај неколкуте понуди, во ниеден момент не размислував за друга опција, освен за Барса“ – изјави Лазаров за ЕКИПА, веднаш по потпишувањето на новиот договор со Барселона.