Вечерва конечно се расчистија сите недоразбирања помеѓу Комитите и Дејан Манасков, кога на денешното претставување на ракометарите на Вардар, кога беше кажано името на Дејан Манасков најпрвин Комити го исвиркаа, но Манасков како што влезе во сала веднаш отиде кај Комитите и ги отпоздрави, а овие му вратија со аплауз.
Во спроведената анкета „Дали треба Манасков да се извини на Комитите?“, љубителите на ракометот беа поделени околу тоа: 55% беа за да се извини, 45% не беа да се извини. Но тоа останува вече во историја. Најбитно е тоа што се стави крај на сите недоразбирање, кои со нетрпение го очекуваа сите љубители на македонскиот ракомет!