Македонската младинска репрезентација на Македонија го претрпе и четвртиот пораз, а трет последователен на ЕП во Валенсија, Шпанија. Овој натпревар против Португалија, нашите ракометарки го загубија минимално 27:26 (13:15).  Иако нашата репрезентација во првото полувреме беше многу подобра од противникот, сепак тоа не беше доволно за на крајот да се извојува победа.

Лош момент за нашиот тим беше повредата на нашата раометарка Симона Стојановска во 25-тата минута од второто полувреме. Во овој момент се уште немаме информации за каков тип на повреда станува збор, но сите се надеваме дека не е ништо сериозно.

За играч на натпреварот од селекцијата на Македонија беше избрана Теодора Керамичиева.

Утре, репрезентацијата на Македонија ќе игра повторно против репрезентацијата на Литванија. Натпреварот е закажан за 13:30 часот.