Македонската ракометна репрезентација ја оствари целта и се пласираше по 4-ти пат на едно европското првенство, овојпат во Полска 2016 година.
Лошо го отвори натпреварот, што очигледно беше дека притисокот си го направи своето. Но после 10-та минута да се соземат и со одлична одбрана го свртија резултатот во своја корист, со што на полувреме заминаа со 15:12. Веќе во второто полувреме се виде дека репрезентацијата на Чешка нема да го издржи ова јако темпо на игра, бидејќи нивниот ростер за овој натпревар беше слаб, броеше дури 12 ракометари. Нашите ракометари продолжија со добрата игра во одбраната и нападот, со што константо го држеа водството од 3-4 погодоци до самиот крај, до конечни 32:28.
Најефикасен на натпреварот беше капитенот Кире Лазаров со 11 погодоци и Манасков со 7 погодоци, додека голманот Ристовски имаше 12 успешни интервенции.
Првото ЕП беше во Италија, второто во Србија, третото во Данска, а сега веќе одиме во Полска, каде не очекува тешка задача, што подобар пласман, се со цел да се обезбедат квалификации за ОИ во Рио.
Честитки момци, Македонија е горда со вас!
Фото: www.24rakomet.mk