Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски повторно се врати на тренинзите на Вецлар, откако ги надмина проблемите со повредата. Како што информираат од неговиот клуб, Миркуловски ќе биде во комбинација за настап овој викенд во првенството.

„Миркуловски одлично го мина рехабилитацискиот период. Сега може повторно да тренира со тимот и да се биде во комбинација за следниот наш натпревар оваа сабота“ – изјави извршниот директор на Вецлар, Бјорн Сеип.