Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван го објави поширокиот список на ракометари на кои смета за натпреварите со Швајцарија и со Чешка, во рамките од квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.
Репрезентативците првиот собир ќе го имаат на 8-ми јуни, а два дена подоцна се игра натпреварот против Швајцарија во Сент Гален. Вториот натпревар против репрезентацијата на Чешка е четири дена подоцна во Скопје.
Проширениот список на ракометари:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Петре Ангелов, Стефан Кимевски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Златко Мојсоски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Влатко Недановски
Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски
Бекови: Милорад Кукоски, Наумче Мојсовски, Филип Лазаров, Ацо Јоноски, Велко Марковски, Филип Талески, Филип Миркуловски, Немања прибак, Кирил Лазаров, Ренато Вугринец, Горан Кузмановски, Дарко Димитриевски, Никола Стојчевски, Влатко Мирков, Лазо Мајнов.