Првото полувреме на четврт-финалниот натпревар од лигата на шампионите, помеѓу екипите на ЖРК Вардар и Ѓер, помина во извонредно добро издание на нашиот состав. Можеше да се забележи добра подвижност на одбраната, што резултираше со брзи контри на нашите крила. Особено за добриот тек на нашата игра, придонесе Андреа Лекиќ, за која противничките играчи во првите 30 минути од натпреварот не можеа да најдат противигра.
По добриот почеток на нашите ракометарки и почетното водство од 5:1 и 6:2, подоцна од 10 до 14 мината, кај ЖРК Вардар се забележа пад во играта, што го искористија противничките играчи и израмнија на 6:6. Меѓутоа во преостанатиот дел од натпреварот, ЖРК Вардар успеа да се крене на нозе и повторно да ја превземе играта, по што резултатот по завршетокот на првото полувреме беше 14:10.