Екипите на Тинекс Пролет, РК Радовиш и РК Прилеп ќе се приклучат на веќе пласираните Зомимак-М, Вардар и Металург во плејофот, каде ќе разигруваат за титулата.
Пелагониското дерби го доби домаќинот РК Прилеп со конечни 28:24, натпревар во кој РК Пелистер не успеа да направи изненадување на гостински терен. Во една убава атмосфера ракометарите на двете екипи прикажаа убав и неизвесен ракомет, со што љубителите на ракометот имаа прилика да уживаат.
Во второто дерби кое се одигра во Автокоманда, РК Радовиш славеше убедливо над плаво-белите со 25:35, со што направија историскиот успех за спортот во Радовиш. После сите промени кои се случија во екипата на Металург 2, сепак победа над РК Радовиш беше преголем залак.
Тинекс Пролет денес само го потврди потврди пласманот во плејофот, со убедливата победа над РК Преспа со 18:32 на гостински терен. Со што овој млад состав заслужено се најде во 6-те екипи кои ќе разигруваат за титулата во македонското првенство.
Детали за плејофот наскоро…