Ракометарите на РК Струмица утре на домашен терен ги пречекуваат ракометарите на Борац, од Бања Лука (БиХ). Натпревар во кој се очекува, струмичани да го поправат лошиот впечаток кои го оставија на последните два натпревари и конечно да ја издвојуваат првата победа во СЕХА лигата.
Струмичани ја имаат пред нив екипа на Борац, која одигра само еден натпревар во СЕХА лигата против Спартак Војпут, во кој загуби со 32:29. Причина за тоа беше играњето на квалификацискиот турнир во Лигата на шампиони, каде екипата на Борац не успеа да триумфира и да го обезбеди последното место во ЛШ, во групата Д, каде што се наоѓа екипата на Металург.
Борац ги загуби минимално двата натпревари на турнирот, со што кажува дека оваа екипа не е за потценување. По состав е слична со РК Струмица, спој на млади талентирани играчи, Стефан Јанковиќ и Даворин Вујович и постари играчи со искуство, како што се Срџан Тривунџа и Ратко Николиќ.
Доброто во струмичкиот табор е што Пецаковски и Везенковски се враќаат на утрешниот натпревар, со што цела македонска јавност очекува од нив да се покажат во одлично светло и да ги израдуваат со победа!
Натпреварот ќе се одигра 20:15 часот, со директен пренос на Собраниски канал.