Екипата на РК Работнички во Скопје се враќа со нова победа и нови 3 бода, откако во натпревар од 4-тото коло ја совлада екипата на РК Пелистер на гостински терен.
Првото полувреме помина во крајно неизвесна и рамноправна борба, а за тоа сведочи и резултатот во текот на средбата 5:5; 6:6; 7:7; 8:8; 10:10. Иако во првите минути од натпреварот домаќинот направи серија од 3 голови, 3:1, гостите брзо вратија па од тој момент се до крајот на првото полувреме резултатот беше изедначен.
Второто полувреме, помина во апсолутна доминација на екипата на Работнички. Тие второто полувреме го отворија со серија од 3 голови 10:13. Од тој момент, екипата на Бошковски успеваше да го контролира резултатот се до крајот на натпреварот, па заслужено на крајот славеше со +4, 16:20.
Најефикасни на овој натпревар беа Дрогришки од Пелистер со 7 голови, а од екипата на Работнички, Мојсовски со 6 голови.
Фото: www.setaliste.com.mk