Македонската ракометна репрезентација денеска околу 10.30 часот по локално време го напушти хотелот во Доха и го почна своето враќање за Скопје преку Истанбул. Во Скопје македонските ракометари и експедицијата треба да се вратат во вечерните часови.
Ракометарите по репрезентативните обврски, се враќаат на клупските тренинзи, па сигурно нема да имаат многу време за одмор.
За нас заврши СП во Катар, но допрва ќе следуваат анализи на се што се сработи таму, и кои се причините за тоа што не успејавме да се пласираме во 1/4 финалето.