Женската ракометна репрезентација е во Исланд, каде утре со почеток од 19:30 часот, ќе го одигра првиот од двата натпревари за место во баражот за СП 2015. Ракометарките против Исланд ќе се обидат да го поправат впечатокот, откако на стартот од квалификациите двапати загубија од аутсајдерот Италија.

Теоретските шанси за пласман понатаму остануваат, но за исполнување на истите треба во двомечот со Исланд да се радуваме со вкупна победа од најмалку 12 гола. Со што би го освоиле првото место во групата 3.

Но реалноста е друга, проблеми на селекторското место и списокот на ракометарки за овој двомеч. Никој не се нафати, да го превзеде селекторското место и проба да направи чудо во квалификацииве. Едноставно сите кренаа раце, вклучувајќи ги и РФМ, со што го назначија привремено помошникот на Магдинчев, Благојче Весиќ да биде селектор и да ги заврши овие квалификации.

Останува девојките во овој двомеч да прикажат борбеност и желба за надигрување, со што би го поправиле лошиот впечаток, кои го оставија на последните натпревари против селекцијата на Италија. Да го потврдат својот квалитет и покажат дека со многу работа, во следните 1-2 години, можат да го вратат женскиот ракомет таму кај што му е местото, на европските и светските првенства.

ТАБЕЛА
1.Исланд 2 2 0 0 53:38 4
2.Италија 4 2 0 2 88:95 2
3.Македонија 2 0 0 2 42:50 0