По триумфот над Рајн-Некар Левен, очекувано пресреќен беше шефот на стручниот штаб на Вардар, харизматичниот Раул Гонзалес.

„Денеска игравме против најдобрата екипа во Германија, тие дојдоа овде по тешкиот меч со Кил и тоа им создаде дополнителен притисок, па изморени дојдоа во Скопје. Во првото полувреме не игравме добро бидејќи имавме проблеми со 6-0 одбраната, Ларсен ни создаде многу проблеми. Кога ја сменивме одбраната во 5-1 работите тргнаа на подобро, со влегувањето на Ангелов добивме на сигурност во одбраната, а и во нападот постигнавме погодоци во самиот финиш. Имаме конечна победа од шест гола разлика што е преубедлива, со оглед на израмнетоста на мечот. Презадоволен сум бидејќи по првите четири кола имаме максимални четири победи“
– изјави Раул Гонзалез.