Голманот Борко Ристовски веднаш по мечот истакна дека македонскиот национален тим одиграл под своите можности, признавајќи дека и самиот тој го одиграл еден од најслабите натпревари во својата репрезентативна кариера.

„Треба да се биде искрен и да се признае дека Словенија заслужено го доби овој натпревар, противниците подобро го отвориме мечот, потоа целосно го контролираа резултатот и на крајот заслужено се пласираа во четвртфиналето. Факт е дека не одигравме онака како што знаеме, ова воедно беше и еден од моите најслаби настапи во репрезентативниот дрес и искрено ми е жал поради тоа. Некои луѓе можеби премногу трагично ќе го сфатат овој пораз, ние во моментов сме многу разочарани, но ќе има доволно време за анализи. Клучно ќе биде да се извлечат поуки од поразот, за грешките што ги правевме не ги повторуваме на следните натпревари“ – изјави Ристовски.

Извор: www.ekipa.mk