Екипите на Пелистер и на Металург, денес ќе го одиграат одложениот натпревар од 6-тото коло од ВИП машката Супер лига. Улогата на домаќин ја има екипата на Пелистер. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот, а ќе се одигра во спортската сала ,,Младост”. По одиграните седум кола, на табелата тимот на Металург е единствен кој нема пораз во досегашниот дел од првенството, додека РК Пелистер претрпе порази во последните неколку кола. Со овој натпревар на домашен терен, екипата на Пелистер има шанса да освои нови 3 бода и да дојде до нова победа, а со тоа и враќање на самодовербата за понатамошниот дел пд натпреварувањето.
Директен пренос од овој натпревар можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.