Ракометарите на РК Струмица денес од 17:45 часот ќе ја имаат втората шанса на свој терен да дојдат до првата победа во СЕХА лигата против Татран Прешов. Откако на првиот натпревар против Војводина победата ја загубија во последните секунди, струмичани ќе пробаат против доста појакиот тим на Прешов да дојдат до првата победа.
На овој натпревар струмичани нема да можат да сметаат на Реваз Чантурија, кој е казнет од СЕХА поради непромислениот потег во последните моменти од натпреварот со Војводина.
Со оглед на неговата игра против Војводина, видно ќе биде ослабена екипата на РК Струмица. Но тоа не дава за право, уште на самиот старт ракометарите на РК Струмица да се откажат, туку напротив да го дадат својот максимум и да пробаат да издвојуваат позитивен резултат.
Директен пренос на МРТ1, од 17:45 часот.