Српската репрезентативка Сања Дамњановиќ е најновото засилување на македонскиот шампион ЖРК Вардар. 28-годишната Србинка која игра на позицијата лев бек и плејмејкер потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.
„Со ангажирањето на Дамњановиќ продолжува намерата на Вардар да се засили со играчи за кои смета дека можат да се вклопат во нашата концепција и да придонесат за остварување на клупските цели. Веруваме дека Сања ќе донесе нова свежина во играта на Вардар, и заедно ќе се радуваме на нови успеси во иднина“ – изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Дамњановиќ е второто засилување за ЖРК Вардар за следната сезона, откако претходно беше договорен трансферот на хрватскиот пивот Андреа Човиќ.