Започнувајќи од денес, овој викенд нашиот главен град ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Валенсија, Шпанија летово, за ракометарки до 19 години. Нашата младинска репрезентација се наоѓа во групата 1 заедно со репрезентациите на Црна Гора, Холандија и Исланд.

Првиот натпревар нашата репрезентација го игра денес против репрезентацијата на Исланд. Натпреварите ќе се играат во СРЦ Кале, а нашата репрезентација како домаќин го има терминот од 18:30 часот.

Натпреварите ќе се одиграат според следниов распоред:

17.04.2015 г. 18.30 часот: Исланд – Македонија
18.04.2015 г. 18.30 часот: Холандија – Македонија
19.04.2015 г. 18.30 часот: Македонија – Црна Гора

Двете првопласирани репрезентации ќе обезбедат учество на Европското првенство во Шпанија. Влезот на сите натпревари ќе биде слободен. Ги повикуваме сите љубители на ракометот да дојдат и да ги поддржат нашите девојки за пласман на Европското првенство, а вооедно и противниците преку нашето препознатливо навивање да го почувствуваат македонскиот спортски дух.