Ина Суслина блескаше во саботниот натпревар на ЖРК Вардар против Ѓер. Одлично бранеше особено во првото полувреме, каде имаше 10 одбрани, со што помогна на своите ракометарки да ја задржат предноста од 4-5 гола на натпреварот.
Па воопшто не е ни чудо што луѓето од ЕХФ одлучија нашата голманката да биде една од „трите ѕвезди“ на колото во Лигата на шампионите, каде уште се најдоа и Нора Морк од Ларвик и Рике Ерхардсен од Виборг.
Дел од одбраните на Ина Суслина како и на останатие две ракометарки може да ги погледнете на следниот ЛИНК.