Вечерва ракометарките на ЖРК Вардар се среќаваат со бранителот на титулата, екипата на Ѓер, во рамките од 1/4 финалето од Лигата на шампиони. Нашите ракометарки се оптимистички расположени и очекуваат победа, како и нашиот капитен, голманката Ина Суслина.

“Очекувам ништо друго освен победа. Мораме да победиме и да обезбедиме што е можно подобар резултат за реваншот. Ѓер е најдобриот можен противник што можевме да го имаме во четврт-финалето. Унгарките во последните две години се европски шампионки и тоа доволно говори за квалитетот на нашиот противник. За нас ова е како да играме во финалето. Пред нас голем предизвик бидејќи ако го елиминираме Ѓер, а се надевам дека тоа ќе го сториме тоа ќе значи нов настап на завршниот турнир” изјави Суслина.