Нашиот репрезентативец Стојанче Стоилов изигра одлична партија денес. Дури и познатиот коментатор на ЕХФ, Том ‘О Бранагејн беше воодушевен од денешното издание на македонските ракометари против репрезентацијата на Тунис. Особено од Стојанче за кој рече дека е како балерина со големина на мечка!
#Stoilov is like a ballerina the size of a bear. Great player #MKD #qatarhandball2015
— Tom Ó Brannagáin (@obrannt) January 16, 2015
Еве што изјави Стоилов после натпреварот:
„Никој не очекуваше дека ќе одиграме вака квалитетно и дека ќе совладаме толку силен противник со осум голови разлика. Но, ние, кои напорно работевме во изминатиов период, и претходно знаевме дека оваа репрезентација има квалитети и вредности. Сепак, ова е само почеток и имаме уште многу што да направиме на овој турнир. Мислам дека сега ќе играме уште подобро. Не треба да нѐ залажува и наредниот противник. Иран е квалитетен ривал и мора сериозно да му пријдеме“ – изјави Стојанче Стоилов.