Секогаш објективните ракометни фанови од Македонија сметаат дека екипата на Металург ќе се пласира во горниот дел од табелата, но не се убедени дека тоа ќе биде на едно од првите 2 места.

Имено, на анкетата која беше поставена на веб страната на МакРакомет во изминативе 7 дена, ракометните љубители во најголем процент (57%) сметаат дека Металург ќе се пласира на едно од првите 3 места од групата, но сепак најмногу од нив веруваат дека тоа ќе биде 3-то место (25%). што е недоволно за пласман во понатамошните натпреварувања.

Речиси изедначен е бројот на оние кои мислат дека Металург ќе ја помине оваа фаза, завршувајќи на второто место (18%) и оние кои мислат дека Металург ќе заврши последен во групата (16%).

Оваа  анкета и резултатите од неа се уште еден показател дека целокупната македонска јавност сеуште нема осет кои се можностите на Металург и е поделена околу прашањето – што можеме да очекуваме од екипата од Автокоманда годинава.

Тоа е причина повеќе, сите со внимание да го проследиме овогоодинешното деби на Металург во ЛШ – МРТ1, 17:30, Мотор – Металург.