ЖРК Вардар во своите редови го доведе првото засилување за следната сезона. Се работи за хрватската ракометарка Андреа Човиќ (21), досегашен член на Подравка, која потпиша тригодишен договор. Откако Бегоња Фернандез изјави дека ќе го напушта македонскиот првак, од таборот на ЖРК Вардар како нејзина замена ја ангажираше младата хрватска ракометарка.

Младата Човиќ настапуваше за екипата на Подравка со која неодамна го освои и Купот на Хрватска, и ја осигура и титулата. Човиќ беше избрана за најдобар играч и постигна 10 гола во триумфот на Подравка во Купот.

„Се решивме за млада и перспективна ракометарка која допрва треба да „експлодира” и да го покаже и потврди својот квалитет. Пивотменската позиција сезонава ни беше една од дефицитарните позиции, и со својата младост веруваме дека одлично ќе се вклопи во системот на работа на Вардар и ќе внесе свој белег во следните клупски резултати“ – изјави извршниот директор Давор Стојаноски, за официјалниот сајт на ЖРК Вардар.

Несомнено е квалитетот на младата хрватка, но се запрашуваме дали ова е вистински потег и дали беше потребен? Кога веќе добро знаеме дека на клупата ја има исто младата Ивана Гакидова, која можеби го нема она искуство кое го има хрватската репрезентативка, но го има квалитетот кој мора да почне да се искористува.