Ракометарот на Металург, Јанко Божовиќ, е дел од идеалниот тим на второто коло во Лигата на шампионите. Божовиќ е избран за најдобар десен бек, по одличната партија против Кадетен Шафхаузен каде постигна 8 погодоци.

Видеото со најдобрите потези на ракометарите, може да го погледнете ТУКА.

Идеален тим на 2-то коло од ЛШ

Голман: Рихард Капелин (Ла Риоха)
Лево крило: Јонас Калман (ПИК Сегед)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)
Десен бек: Јанко Божовиќ (Металург)
Десно крило: Кристијан Бјорнсен (Кристијанштад)
Пивот: Бјарте Мирхол (Скјерн)

Фото: www.rkmetalurg.mk