Специјалистот за одбрана Илија Абутовиќ, за вечерашното македонско дерби Металург – Вардар, потенцира дека немаат некоја особена предност пред плаво-белите. Бидејќи колку и да заминале ракометари, во Металург останал костурот на екипата.

„Кај Металург можеби си заминаа неколку играчи, но остана костурот на екипата. Оние кои ја носеа играта и порано и сега покажуваат дека можат да ја ностат, така што Металург и понатаму е силна и сериозна екипа. Не мислам дека ние сме во некоја предност, затоа што и кај нас има многу повредени играчи, така што нема да ни биде лесно“ – изјави Илија Абутовиќ