Вечерва РК Струмица го забележа својот 5-ти пораз оваа сезона во СЕХА лигата, каде на гостински терен загуби од Спартак Војпут со убедливи 26:18.
Левото крило на РК Струмица, Александар Босеовски веднаш по натпреварот изјави дека крајниот резултат не е вистинската слика од тоа како течеше натпреварот и дека пресудно за победа на Спартак Војпут беше одличната одбрана на домашната екипа во последните 10 минути, во кои нашите потфрлија на тоа поле, кога најмногу требаше.
„Најпрво да им честитам на домашната екипа, заслужена победа. Ние се надевавме дека тука ќе издвојуваме прва победа, но се случи тоа што се случи. До 50-та минута негде резултатот беше 3-4 разлика, им париравме, но на крајот во последните 10 минути од натпреварот потфрливме во одбраната, со што дури овој пораз е превисок со оглед како се одвиваше целиот натпревар. Се надевам во друга прилика дека ќе ја издвојуваме првата победа.“ – изјави Александар Босеовски.