Пикерот на Вардар, Алем Тоскиќ заслужено се најде во идеалниот тим во третото коло од ЛШ. Вчера Тоскиќ одигра феноменален натпревар, во кој беше незапирлив од својата позиција. Натпревар во кој постигна 7 погодици, што со право го избравме ние како играч на натпреварот, а веќе денес и ЕХФ го избра во најдобрите 7 ракометари ова коло.
Најдобрите потези на Тоскиќ, како и останатите ракометари може да ги видите ТУКА
Идеалниот тим од 3-то коло:
- Лево крило: Анхел Фердандез (Ла Риоха)
- Лев бек: Борут Мачковшек (Монпелје)
- Среден бек: Аиденас Маласинскас (Мотор Запорожје)
- Десен бек: Даинис Кристопанс (Мешков Брест)
- Десно крило: Гаспар Маргуч (Веспрем)
- Пивот: Алем Тоскиќ (Вардар)
- Голман: Кевин Мулер (Флензбург)
Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )