Пред попладневната ждрепка, македонскиот репрезентативец Петар Ангелов – Диви во свој стил изјави за порталот Телеграф, дека ако сакаме да постигнеме успех, мора сите да ги победиме, без разлика ко противник ќе ни го донесе ждрепката.
После толку години Ангелов кажува дека добро им се познати сите репрезентации, нивните предности и слабости. Тоа што најмногу се надева е дека нашата репрезентација ќе настапи во полн состав на ЕП во Полска. Диви нема посебна желба кои репрезентации да ни се паднат, но потенцира дека може да ја избегнеме Франција, како што и сите репрезентации го посакуваат тоа.